🎥 НАПАД И СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА НА КРИМ Уништен рускиот противвоздушен ракетен систем
Нападот му зададе „болен удар на системот за воздушна одбрана на окупаторот, што ќе има сериозно влијание врз понатамошниот развој на окупираниот Крим“ – стои во известувањето од украинската разузнавачка служба.
Украинското разузнавање тврди дека уништило руски ракетен систем на Крим. Скај њуз потврди дека фотографиите од експлозијата од местото на несреќата се автентични и дека се од селото Оленивка на ртот Тарханкут на Крим.
Во нападот е уништен рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ со долг и среден дострел, соопшти украинската разузнавачката служба.
„Како резултат на експлозијата целосно се уништени самата инсталација, ракетите поставени на неа и персоналот. Нападот му зададе „болен удар на системот за воздушна одбрана на окупаторот, што ќе има сериозно влијание врз понатамошниот развој на окупираниот Крим“ – стои во известувањето од украинската разузнавачка служба.