НАПАЃАЧОТ ОД ЗАГРЕБ БИЛ НА ПСИХИЈАТРИЈА ПРЕД ДА ГО СТОРИ КРВАВИОТ ЧИН Мајката го молела лекарот да не го пушта од болницата
Мајката на 19-годишното момче изјави дека утрото таткото го однел во болница околу девет часот бидејќи тоа од неодамна одело на дневни терапии.
Мајката на 19-годишното момче кое денеска со нож усмрти едно дете и повреди уште три други во основно училиште во Загреб, изјави дека го молела лекарот да не го пушта од психијатриската установа, бидејќи верувала дека не е подготвен за живот надвор од институцијата.
– Тој е емоционално нестабилна личност, плус уште две дијагнози, и се самоповредуваше – рече мајката.
Таа додаде дека утрото таткото го однел во болница околу девет часот бидејќи од неодамна одел на дневни терапии. Според нејзините зборови, момчето било хоспитализирано неколкупати.
– Пред еден ипол месец, тој мене и баба му нè зароби во станот, ни ги одзеде телефоните и клучевите, и повторно заврши во Јанкомир – раскажа таа.
Мајката изјави дека докторот „ладнокрвно го пуштил дома, оставајќи го семејството да се грижи за него“.
– Ноќите ги поминувавме во страв. Направивме сè што можевме за да го спасиме тоа дете – рече таа.
Мајката опиша како дошло до утринскиот инцидент:
– Очигледно ја напуштил дневната болница, зел нож и го направил тоа што го направил. Не знам зошто го направи тоа. Во тоа училиште одеше пред пет години. Не знам што го натера. Чув дека се повредил и самиот.
Денеска во основно училиште во Загреб влезе 19-годишно момче, уби еден ученик, повреди наставничка и тројца ученици, а потоа побегна во блискиот здравствен дом каде се обиде да се самоубие. Тој е уапсен и пренесен во болница.