НАПАЃАЧОТ НА ИНФОМАКС БИЛ ЛЕКУВАН ВО ПСИХИЈАТРИЈА БАРДОВЦИ Полицијата го уапси, му следува кривична пријава

Напад врз новинари е дело опфатено со член 382 од Кривичниот законик - „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за што се предвидени казни до три години затвор - потсетува Синдикатот на новинарите.

2,191

Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсено лицето кое синоќа насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш откако била добиената пријава.

МВР соопшти дека Александар Митовски, водител на емисија на порталот Инфомакс, во СВР Скопје пријавил дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.






„Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина брзо и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – се вели во објавата на МВР.

И Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска објави соопштение со кое остро го осудува синоќешниот насилен упад во редакцијата на Инфомакс и бара неодложна реакција на институциите.

„Нападите врз новинарите и медиумските работници, а особено напади директно во редакции претставуваат сериозна закана за слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани.

Напад врз новинари и медиумски работници, како и попречување на нивната работа за известување на јавноста, потпаѓаат под член 382 од Кривичниот законик – Спречување службено лице во вршење службено дејствие. За дела кои ги опфаќа овој член предвидени се казни до три години затвор“ – потсетува ССНМ.

Поврзани содржини