Манекенката Наоми Кемпбел на Инстаграм објави серија фотографии на кои е целосно гола во метрото во Њујорк.
Како што напиша светскиот топ-модел, ова се необјавени фотографии што ги направила за модната куќа „Валентино“.
На една од фотографиите, таа седи во воз, со поголема чанта за да ги скрие интимните делови од телото.
На втората фотографија чека на платформа, додека возот што доаѓа може да се види во позадина.
На третата седи на станицата, исто така гола со чанта.
Со оглед на тоа што е позната по опсесијата со хигиена во јавниот превоз, многумина се шегуваа дека ова е најдезинфицираното снимање на метро досега.
Други ја прашаа дали и било студено на снимањето на кампањата и таа одговори дека замрзнала.
Сите се согласуваат дека на фотографиите, 50-годишната манекенка изгледа совршено.
FOTO: Instagram