НАМЕСТО НА РАБОТА ВО РУСИЈА, НА ФРОНТ ВО УКРАИНА! Индијци измамени од трговци со луѓе

Најмалку двајца мажи кои заминале во Русија, очекувајќи да работат како „асистенти“ во армијата, загинале на фронтот, соопштија нивните семејства.

542

Полицијата во Индија разби голема мрежа за трговија со луѓе која намамувала млади мажи да работат во Русија, но ги принудувала да се борат во војната во Украина.

Тие испратиле 35 лица во Русија, синоќа соопшти индиското Централно биро за истраги. Најмалку двајца мажи кои заминале во Русија, очекувајќи да работат како „асистенти“ во армијата, загинале на фронтот, соопштија нивните семејства. Амбасадата на Индија во Москва ја потврди смртта на еден од нив.






Полицијата извршила рации на повеќе локации, меѓу кои и во главниот град Њу Делхи и во финансискиот центар Мумбаи, а службениците заплениле 50 милиони индиски рупии (605.000 долари), документи и електронски записи. Привеле и неколкумина осомничени.

Њу Делхи и Москва со децении одржуваат блиски односи, а Индија одбива да ја осуди руската инвазија врз Украина, инсистирајќи дека двете страни треба да го прекинат конфликтот преку дијалог и преку дипломатија.

Поврзани содржини