📷 НАМЕСТО КОЛИ, „ПАРКИРАЛЕ“ ОТПАД Паркингот кај гробиштата „Бутел“ претворен во депонија

1,122

Екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје денеска исчистија обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на линијата број 59.






Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со автоцистерна.

Град Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.

 

Поврзани содржини