НАМЕСТО ДА СИ ЗАМИНЕ, ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА ГЛУМИ Мизрахи вели дека поднесувањето оставка до Заев било фарса

Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче. Јавното обвинителство наместо веднаш да ги повика на давање на искази и Филипче и Хасани, цел месец се занимава со роднините на починатите, истакна Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

313

Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка и не си замине веднаш, ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса, рече Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

– Четири недели јавноста чекаше да добие одговори. Четири недели немаше реакција од институциите. Насекаде во светот за вакви инциденти и далеку помали од овие оставките се даваат уште првиот ден. Само Венко Филипче наместо да си замине, реши да глуми. Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче. Јавното обвинителство наместо веднаш да ги повика на давање на искази и Филипче и Хасани, цел месец се занимава со роднините на починатите. Истрагата се држи ниско без воопшто да се викне некој одговорен во институцијата. Филипче нема одговорност, без разлика дали причина за пожарот бил кабел, некој штекер, полнач за телефон или некој друг електронски уред кој ќе му текне на Заев. Болницата во Тетово воопшто немала потреба од модуларна болница зашто таа располага со два ката објект во цврста градба во склоп на болницата којшто само требало да биде опремен со медицинска опрема и ќе бил спремен за прифаќање на пациенти – рече, меѓудругото, Мизрахи.

Поврзани содржини