📽️ НАМЕСТО АКТЕРИТЕ ИГРАА КОФИТЕ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР Ова е резултат на седумгодишната негрижа, вели новиот министер Љутков

Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите, напиша министерот Зоран Љутков на својот Фејсбук профил.

817

По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје и околината, поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерството за култура и туризам на Фејсбук објави дека министерот Зоран Љутков вечерва изврши увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

„Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите“, напиша Љутков на својот ФБ.






Оваа Влада, како што наведува тој, нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.

На фотографиите и видеото што ги објави Љутков се гледа уништен ентериер, поплавени ѕидови, подови, кофи кои ја собираат водата…

Поврзани содржини