НАМЕРНА ПРОВОКАЦИЈА СО ОДНАПРЕД ОДРЕДЕНА АГЕНДА Ахмети вели дека последиците од судирот на Косово можат да го нарушат мирот во регионот

Оваа сериозна провокација е намерна со однапред одредена агенда, па затоа треба да се управува со ладнокрвност и мудрост бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети.

1,594

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети реагираше за вчерашниот крвав судир што се случи на северот на Косово, а во кој животот го загубиja еден косовски полицаец и тројца напаѓачи.

Тој на социјалните мрежи пишува дека нападот врз полицијата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион.






„Најостро го осудувам нападот врз косовската полиција и убиството на полицаецот, како и ранувањето на други лица на северот на Косово. Оваа сериозна провокација е намерна со однапред одредена агенда, па затоа треба да се управува со ладнокрвност и мудрост бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот. Овие случувања се неприфатливи и координацијата и соработката со меѓународната заедница, гарантирајќи го мирот и независноста на Косово, е неопходна и итна. Потребна е итна акција за гаснење на убиствениот пожар. Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените“, пишува Ахмети.

Поврзани содржини