НАМАЛЕНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ПАНЧЕВСКИ Апелацискиот суд ја прифати неговата жалба
Владимир Панчевски е осуден бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот.
Апелацискиот суд Скопје ја потврди затворската казна за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, но ја прифати неговата жалба и ја намали од 3,5 на 2,5 години.
– Ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ се осудува на казна затвор од 2,5 години, во која казна согласно чл.47 од Кривичниот законик му се засметува и времето поминато во притвор, сметано од 15.07.2020 година до 04.08.2020 година – потврдиле за Телма од Судот во Велес каде што се водеше судскиот процес и беше изрчена првостепената пресуда.
Владимир Панчевски е осуден бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распредели околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство