НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ДО 100 МЕТРИ НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ Сообраќајот се одвива во зимски услови
Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Нашите дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“.
Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Крива Паланка, Страцин, Штип, Битола, Ресен, Македонски Брод и Плетвар, информира ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата, а на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.
„На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Нашите дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, наведува ЈП „Македонија пат“.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во општините се проодни скоро сите патни правци и се дочистуваат локалните земјени патишта.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), снабдувањето со електрична енергија во северозападниот регион е редовно и засега нема пријави за прекини, ниту за проблеми за доставување намирници.