„Налеј, налеј“ руши рекорди (ВИДЕО)

Спотот се појави истовремено на бројни канали како Фејсбук, Твитер, Јутјуб и ВатсАп, а прегледите рапидно растат од час на час.

1,574

Спотот за водечката нумера на серијата „Налеј, налеј“ кој ја доживеа својата промоција пред само два дена, ги запали социјалните мрежи и во буквална смисла ги руши рекордите по гледаност.

Резултатите од мерењето на аналитичката платформа „MEDIA TOOLKIT“ објавени вчера во 14 часот, покажуваат дека вкупно 544.201 македонски гледачи го виделе спотот. И сето тоа само на социјалните мрежи, што го направи „Налеј, налеј“ едно од најгледаните видеа во земјава за само еден ден.






Спотот се појави истовремено на бројни канали како Фејсбук, Твитер, Јутјуб и ВатсАп, а прегледите рапидно растат од час на час.

Зборовите „Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе… Те сакав жив… А те мразам мртов .. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А Зошто ме остави за неа, засекогаш? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“ како да допираат до најчувствителните делови на душата.

Поврзани содржини