📽️ НАКИТОТ ОД ЛУВР БИЛ СПУШТЕН СО ЛИФТ, КАКО НА ФИЛМ! Се појави нова снимка, еве како избегале крадците

На видеото се гледаат двајца мажи облечени во црно, еден со жолт рефлектирачки елек, другиот со мотоциклистичка кацига. Тие се спуштаат по надворешен товарен лифт од галеријата „Аполон“, од каде што ги украле скапоценостите.

584

На социјалните мрежи се појави нова, неверојатна снимка од крадците кои што смирено се спуштале со товарен лифт од прочуениот музеј Лувр во Париз, носејќи со себе накит од француските кралски колекции вреден 88 милиони евра.

Крадците се облечени во жолти елеци како обезбедувачи од самиот музеј.






На видеото се гледаат двајца мажи облечени во црно, еден со жолт рефлектирачки елек, другиот со мотоциклистичка кацига. Тие се спуштаат по надворешен товарен лифт од галеријата „Аполон“, од каде што ги украле скапоценостите.

Се смета дека снимката е направена од прозорец во самиот музеј, со поглед кон кејот Франсоа Митеран, каде што бил паркиран украден камион со скали долги 30 метри, со кои крадците влегле во музејот.

Притоа, во снимката се слуша глас од радиоврска што вели:

„Побегнуваат на скутери, заминуваат!“

 

Само неколку секунди подоцна, на кадарот се појавуваат двајца мажи што со огромна брзина исчезнуваат низ париските улици, додека се слуша друг глас што вика:

„Проклетство, еве ја полицијата!“

Според истрагата, грабежот траел само 7 минути. Двајца од четворицата членови на бандата упаднале во галеријата веднаш по отворањето на музејот, околу 9 часот и 30 минути наутро. Со сечила за метал ги отвориле стаклените витрини и украле осум уникатни парчиња накит, меѓу кои смарагдниот ѓердан што Наполеон I ѝ го подарил на својата сопруга Марија Луиза и тијара што некогаш ѝ припаѓала на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III.

Министерот за внатрешни работи Лоран Њуњес изјавил дека во потрагата по сторителите се вклучени над 100 истражители.

Директорката на Лувр, Лоренс де Кар, пред францускиот Сенат признала „страшен пропуст“. Таа нагласила дека надворешните ѕидови на огромната зграда имале „срамно мала покриеност“ со безбедносни камери, што на крадците им ја олеснило мисијата.

Поврзани содржини