НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ИЗНЕСУВА 4.630 МИЛИОНИ ЕВРА Приватниот долг има поголемо учество во вкупниот долг

Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.

51

На крајот на првиот квартал од годинава нето-надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал, соопшти Народна банка.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%.






Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.

Најголемиот дел од овој износ, или 94%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 69% се врз основа на сопственички капитал.

На крајот на првиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.117 милиони евра и забележа квартално намалување од 203 милиони евра. Бруто надворешниот долг изнесува 74,3% од проектираниот БДП.

Бруто надворешните побарувања се намалија за 204 милиони евра и изнесуваат 7.487 милиони евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања
на капитално поврзаните субјекти (за 170 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 40 милиони евра), во услови на намалени побарувања на приватните банки (за 45 милиони евра).

Поврзани содржини