НАДВОР ПИВО, ВНАТРЕ СОКЧЕ „Ролан Гарос“ забрани алкохол на трибините

Раководството на вториот грен слем турнир сезонава соопшти дека на навивачите, сепак, ќе им биде дозволено да пијат алкохол надвор од теренот и стадионот, но нема да можат да седат со пијалаци на своите местa.

105

Организаторите на Ролан Гарос донесоа забрана за пиење алкохол на трибините, откако навивач го плукна белгискиот тенисер Дејвид Гофин во вторникот.

– Среќни сме што гледаме дека има атмосфера и емоции на трибините, но ќе бидеме бескомпромисни во однос на почитта кон играчите и во однос на почитувањето на играта – изјави директорката на турнирот и поранешна тенисерка, Амели Моресмо.






Гофин го победи францускиот тенисер Џовани Перикар со 4:6, 6:4, 6:3, 6:7 (4), 6:3, а Белгиецот во текот на дуелот кој траеше три и пол часа беше навредуван од публиката.

Раководството на вториот грен слем турнир сезонава соопшти дека на навивачите, сепак, ќе им биде дозволено да пијат алкохол надвор од теренот и стадионот, но нема да можат да седат со пијалаци на своите местa.

Директорот на турнирот најави и дека ќе бидат засилени безбедносните мерки, а судиите добија инструкции да бидат построги со публиката за време на натпреварите.

Поврзани содржини