Надлежните анализираат кои здравствени работници ќе добијат финансиска поддршка
Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои што работеа со пациенти со Ковид-19 ќе бидат вклучени во програмата. Во однос на деталите за начинот на исплата и како ќе се користат овие средства, условите ќе бидат исти како сите оние кои ќе добијат платежна картичка.
Министерството за здравство во следните денови ќе направи темелна анализа кои здравствени работниици и институции ќе бидат опфатени со мерката за финансиска поддршка.
Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои што работеа со пациенти со Ковид-19 ќе бидат вклучени во програмата. Оваа мерка пред се е наменета за оние кои беа се прва линија во борбата со коронавирусот и никој нема да биде изоставен. Во тек е допрецизирање на целиот процес.
Во однос на деталите за начинот на исплата и како ќе се користат овие средства, условите ќе бидат исти како сите оние кои ќе добијат платежна картичка.
За начинот на функционирање на платежната картичка повеќе информации може да се добијат во Министерството за финансии.