Надежите со „Бисер балкански“ ја славеа победата од 5:1 над Бугарија (ВИДЕО)

Младинците кои преку овие пријателски мечеви ја темпираат формата за квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2023 година, знаеја на кој начин да ја прослават големата победа

1,294

Новата надежна генерација на македонски фудбалери предводени од Благоја Милевски, во рамките на „Анталија Купот“ им одржа лекција на своите генерациски опоненти од Бугарија, победувајќи ги со 5:1.

Младинците кои преку овие пријателски мечеви ја темпираат формата за квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2023 година, знаеја на кој начин да ја прослават големата победа. Во соблекувална, со неофиијалната химна на сите спортски колективи во земјата, „Бисер Балкански“.






Илиевски во десеттата минута од дуелот го најави „потопот“ на бугарската репрезентација, откако го пронајде патот до мрежата на противникот. Гроздановски во 30-тата минута го удвои водството, а Максимов со два последователни голови во 57-та и 76-тата минути стави крај на неизвесноста, доколку воопшто и постоеше на овој дуел. Дичев на десеттина минути при крајот на натпреварот го совлада сопствениот голман и ја потврди „петардата“ во Турција.

Поврзани содржини