Надал веќе не го интересира тенисот
Тренерот на Рафа, Тони Надал, истакна дека шпанскиот тенисер во моментов размислува само за битката со коронавирусот.
Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал во моментов воопшто не го интересира тенисот.
Тренерот на Рафа, Тони Надал, истакна дека шпанскиот тенисер во моментов размислува само за битката со коронавирусот.
– Со овој голем проблем што го имаме, се друго е заборавено. Ова се секундарни работи. Сега е важно да се справиме со коронавирусот. Тоа е важно, а не тенисот. Разговаравме и тој ми рече дека не му е грижа сега за тенис. Логично е, ако имате малку обзир – изјави Тони Надал за „Мундо Депортиво“.