НАДАЛ ТРИУМФИРАШЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Жестока битка со Медведев, одлучија последните два гема
Откако Медведев поведе по првите два сета, Надал направи одамна невиден камбек на тениските терени и победи во петтиот сет.
Рафаел Надал го победи Данил Медведев во финалето на Австралија Опен и ја освои својата 21. гранд-слем титула.
Медведев поведе во првите два сета, но Шпанецот се врати во мечот и однесе спектакуларна победа со 3-2 (2-6, 6-7, 6-4, 6-4 и 7-5).
Во одлучувачкиот петти сет двајцата стасаа до 5-5 во гемови, што го направи мечот крајно неизвесен. Медведев имаше шанси да поведе со 6-5, но не ги искористи. Потоа Надал одигра прецизно и без грешки и го доби последниот сет со 7-5.