Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави денеска дека нема да настапи на мастерсот во Монтреал кој е на програмата од 8 до 14 август.
„Од мојот одмор и подоцнежното враќање
– Се надевам дека повторно ќе играм во Монтреал, турнирот кој го сакам и кој го освоив пет пати, пред публика која секогаш ме дочекуваше со голема љубов. Во овој момент не ми преостанува ништо друго освен да бидам мудар и да размислувам за здравјето – додаде Надал.
Последниот турнир на кој Шпанецот настапи беше Вимблдон, на кој поради повреда на стомачниот мускул мораше да го предаде полуфиналето против Ник Кирјос.