НАДАЛ ПОТРЕСЕН ОД ЕРУПЦИЈАТА НА ЛА ПАЛМА Би сакал сите да ве гушнам, ќе помогнам
Цела Шпанија е во шок, поддршка стасува од сите страни, а се огласи и славниот тенисер Рафаел Надал со поддршка за загрозените.
На островот Ла Палма во Атлантикот кој се наоѓа во рамките на Канарските острови во тек е ерупција на вулкан, а шпанските власти вршат евакуација на лицата кои едвај се движат, откако експертите издале предупредување дека се можни посилни земјотреси и поради постојаната опасност од ерупции на вулканот.
Цела Шпанија е во шок, поддршка стасува од сите страни, а се огласи и славниот тенисер Рафаел Надал со поддршка за загрозените.
„Ги следам вестите и страдањата од ужасните фотографии од ерупцијата на вулканот на Ла Палма и последиците за многуте загрозени семејства. Би сакал сите да ве гушнам и се надевам дека ова наскоро ќе заврши. По ова ќе се обидеме да придонесеме и да помогнеме на своите сонародници“, напишал Надал.