НАДАЛ ПОРАЗЕН ОД БОРХЕС Прво финале за шпанскиот тенисер по две години

Со настапот во финалето во Шведска, Надал потврди дека е подготвен за претстојниот настап на Олимписките игри во Париз.

178

Шпанската тениска легенда Рафаел Надал загуби од Португалецот Нуно Борхес со 3-6, 2-6 во финалето на турнирот во шведскиот град Баштад од Португалецот

Ова е прва титула за Борхес на АТП турнирите. Португалецот досега беше на 51. место на АТП листата, но од утре ќе ја зазема 42. позиција.






Во исто време, тоа беше првото финале на Рафаел Надал по Ролан Гарос во 2022 година, кога ја освои својата 22. Гренд слем титула.

-Не знам што да кажам, ја сакам Шведска. Сите сакаа Надал да победи, дури и еден дел од мене го сакаше тоа. Долго го чекав овој момент. Во тенисот не се случува сè како што сака човек. Горд сум на мојот настап – рече Борхес по неговиот успех.

Надал пак се заблагодари на организаторите за прекрасната атмосфера на турнирот.

-Не е променето ништо од 2005 година, кога последен пат играв овде – рече Надал на доделувањето на наградите.

Со настапот во финалето во Шведска, Надал потврди дека е подготвен за претстојниот настап на Олимписките игри во Париз.

 

Поврзани содржини