НАДАЛ И СВЕТСКИТЕ ТЕНИСЕРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ЃОКОВИЌ „Одиме Ноле, освој и не се враќај, веднаш на тренинг…“

Од спортска страна, би сакал тој да не биде тука, но судот го кажа своето и не е важно дали се согласувам со Ѓоковиќ за некои прашања или не. Ја почитувам одлуката на судот, изјави Рафаел Надал за шпанските медиуми.

8,292

Драмата со првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува, а по вчерашното судење утринава Рафаел Надал, Џон Иснер, Иво Карловиќ и други познати тенисери рекоа што мислат за случајот на Твитер. Додека Надал призна дека би сакал Ѓоковиќ да не игра, но ја поддржува одлуката на судот неговиот колега да биде ослободен, Џон Иснер вели дека Ѓоковиќ заслужува да го освои Австралија Опен по десетти, а потоа намерно, за инат,  никогаш веќе да не дојде во Австралија, пишува Индекс.

Додека Министерот за внатрешни работи на Австралија одлучува што понатаму со Ѓоковиќ, да ги видиме реакциите на неговите колеги, од кои некои веќе се загреваат за првите натпревари на АО.






Би сакал да не е тука, но го почитувам судот

– Од спортска страна, би сакал тој да не биде тука, но судот го кажа своето и не е важно дали се согласувам со Ѓоковиќ за некои прашања или не. Ја почитувам одлуката на судот – изјави Рафаел Надал за шпанските медиуми.

Веднаш би одел на тренинг

„Да бев на местото на Ѓоковиќ, веднаш ќе одев на тренинг“, ја коментираше пресудата познатиот тениски новинар Бен Ротенберг на Твитер.

 

Одиме Ноле!

Меѓу првите кои му дадоа поддршка на Ѓоковиќ беше неговиот хрватски колега Иво Карловиќ.

„Одиме Ноле!“, кусо напиша тој на Твитер.

 

Тенисот победи

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез, некогаш 12-ти светски играч и победник на Ролан Гарос во конкуренција на двојки, по ослободителната пресуда за Новак напиша дека тенисот победил.

Освој го АО уште еднаш и не се враќај повеќе

„Сѐ што останува е (тој) да го освои трофејот уште еднаш и никогаш повеќе да не се врати, во стилот на (борачот) СМ Панк“, напиша познатиот тенисер Џон Иснер на Твитер, очигледно поддржувајќи го.

 

Не требаше да му ја вратат визата

 „Морисон штотуку го загуби случајот против Ѓоковиќ. Тотална неспособност“, ја коментираше одлуката на судот поранешниот австралиски премиер да му ја врати укинатата виза на Ѓоковиќ и да му дозволи слободно да се движи низ Австралија.

 

Непроспиена ноќ за семејството Ѓоковиќ

Синоќешното судење на Ѓоковиќ кое скандалозно отпочна без пренос заврши со негово привремено ослободување. Неговиот брат, Ѓорѓе Ѓоковиќ за ТвПрва ги коментираше тешките настани:

– Беше тоа непроспиена ноќ за нашето семејство. Тешки се овие моменти за нас. Новак покажа колку е упорен и колку верува во идеали, се бореше за себе, но и за целиот свет. Од друга страна, го имаме австралискиот систем, кој е праведен. Судијата ја донесе вистинската одлука врз основа на фактите, но сега добиваме информација дека министерот за внатрешни работи е над судот – изјави Ѓорѓе за ТвПрва, пишува Мондо.

Ја доби правдата, но само за кратко

Еве го моментот кога Ѓоковиќ, барем и за кратко, ја доби правдата:

Во исчекување на нови информации, битно е да се знае дека шпекулациите дека Ѓоковиќ повторно е уапсен ги прошири новинарката Ксенија Павловиќ МекАтер на Твитер, која тврди дека за тоа ја известил неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ.

Според новинарот Пол Сакал од австралискиот весник TheAge, Ѓоковиќ го добил случајот „почитување на процедуралната правда“, но властите не веруваат дека тој има правилен доказ за медицински да биде изземен и да може да учествува.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини