НАДАЛ ГИ РАЗОТКРИ ИЗМАМНИЦИТЕ Лажни видеа со неговиот лик кружат на интернет

Надал алармира за злоупотреба на неговиот лик во лажни видеа со вештачка интелигенција.

86

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал предупреди дека неговиот лик и глас незаконски се користат во измамнички онлајн шеми со лажни видеа креирани преку вештачка интелигенција.

Според него, тие видеа нудат инвестициски совети и понуди кои немаат никаква врска со него и претставуваат дел од измама за погрешно рекламирање.






– Го објавувам ова предупредување, иако обично не го правам на социјалните медиуми, но мислам дека е важно. Мојот тим и јас откривме лажни видеа на некои платформи, создадени со вештачка интелигенција. Тие прикажуваат личност која изгледа и звучи како мене. Овие видеа нудат инвестициски совети и даваат понуди што немаат никаква врска со мене. Ова е дел од шема за погрешно рекламирање. Ве молам имајте предвид, јас не создадов ниту поддржав таква содржина. Ви благодарам за вашата поддршка! – порача Надал преку своите официјални профили.

По завршување на својата блескава тениска кариера, Надал сè повеќе се насочува кон бизнисот. Тој ја отвори сопствената тениска академија, која денес е меѓу најреномираните во светот, лансираше сопствен бренд за облека, а исто така реши да вложи и во хотелската индустрија.

Поврзани содржини