НАД 70% ОД УКРАИНЦИТЕ МИСЛАТ ДЕКА КИЕВ ЌЕ ПОБЕДИ Нивните ставови за тоа што значи „победа“ се разликуваат

Уделот на граѓани кои веруваат дека настаните во Украина се развиваат во добра насока е 32%, додека, пак, речиси половина (46%) сметаат дека се развиваат во погрешна насока.

737

Три четвртини од Украинците (74%) веруваат во победата на Украина во војната, од кои повеќе од половина (56%) се од југот на земјата, 67% од источните, 79% од централните делови, додека, пак, 81,5 % од западна Украина, покажа анкетата, спроведена од социолошката служба на Центарот Разумков во период од 28 февруари до 5 март.

Според истражувањето, 16% од испитаниците ширум Украина не веруваат во победа, повеќето од нив на југот на земјата (24%), потоа на истокот (23%), додека во централна Украина се 14% и 11% во западните делови на земјата.






Што се однесува до тоа што може да се смета за победа, релативно речиси една третина од Украинците (30%), кои веруваат во победа, одговориле дека тоа е протерување на руските војници од целата територија на Украина и обновување на границите од јануари 2014 година.

Исто така, 17% би го сметале за победа уништувањето на руската армија и унапредувањето на востанието во Русија и нејзиниот колапс, 22% го навеле враќањето на статус кво од 23 февруари 2022 година, 11% го навеле протерувањето на руските трупи од цела Украина, освен Крим, додека 10% од испитаниците ја навеле опцијата за завршување на војната дури и ако руската армија остане на териториите кои се заробени како резултат на агресија.

Исто така, се наведува и дека уделот на граѓани кои веруваат дека настаните во Украина се развиваат во добра насока е 32%, додека, пак, речиси половина (46%) сметаат дека се развиваат во погрешна насока.

Поврзани содржини