НАД 200 ЗАТВОРЕНИЦИ ФАТИЛЕ ШТРАФТА ОД ЗАТВОР ВО ПАКИСТАН Решиле да си ја пробаат среќата по серија благи земјотреси

Полицаецот Кашиф Заман изјави дека затворениците, најмногу осудени за полесни кривични дела, во раните утрински часови ги совладале чуварите и успеале да избегаат од затворот Малир во Пакистан.

194

Повеќе од 200 затвореници побегнаа од затвор во пакистанскиот град Карачи по серија благи земјотреси, соопштија локалните власти.

– Затворениците, главно осудени за помали кривични дела, ги совладале чуварите и избегале од затворот Малир денеска, во раните утрински часови – изјави полицискиот службеник Кашиф Заман.






Околу 80 бегалци се повторно уапсени во близина на затворот по интервенција на полицијата и на другите безбедносни сили, според министерот за внатрешни работи на провинцијата Синд, Зиа Ланџар.

– Полициски тимови продолжуваат со операцијата за пронаоѓање на останатите бегалци – изјави шефот на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон, по посетата на затворот.

Поврзани содржини