Над 200 патници го минале Деве Баир од полноќ до пладне
Во Република Бугарија се уште е на сила уредбата за задолжителна изолација од 14 дена на сите државјани кои ќе влезат во државата, па најголем дел од патниците кои излегуваат од Р.С. Македонија преку Деве Баир, се патници кои транзитираат преку Бугарија.
Фреквенцијата на патници кои влегуваат во државата преку граничниот премин со Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир, не е значително зголемена споредено со претходните денови, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир.
Оттаму посочија дека воведувањето влез без ограничувања по однос на ковид-19 во Република Северна Македонија, нема значително по голема фреквенција патници, а од полноќ, до пладне, во државата влегле нешто повеќе од 200 лица.
Во Република Бугарија се уште е на сила уредбата за задолжителна изолација од 14 дена на сите државјани кои ќе влезат во државата, па најголем дел од патниците кои излегуваат од Р.С. Македонија преку Деве Баир, се патници кои транзитираат преку Бугарија.
На Деве Баир најчесто влегуваат наши граѓани којшто доаѓаат од други европски држави.
– Товарниот сообраќај е редовен, возачите на товарни возила немаа ограничувања за транспорт ниту за време на кризата и вонредната состојба, но разликата е што веќе не им се потребни посебни дозволи од државниот санитарен инспекторат, па оленсета им е работата. Инаку, како ПС за ГП и ГН, но и сите царински служби работат согласно сите мерки и протоколи за заштита од ковид-9, истакнаа од – Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток, Деве Баир.
Редовна дезинфекција се врши и на целиот реон околу граничниот премин Деве Баир, а истата ја врши Јавно претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка.