НАД 2.000 ВЕЛОСИПЕДИСТИ, ПЛАНИНАРИ И РЕКРЕАТИВЦИ СЕ КАЧИЈА НА ВОДНО 10 години „Прв до врв“

Манифестацијата која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и годинава се состоеше од два дела, односно  натпреварувачки и забавен карактер.

407

По десетти пат, на Водно се одржа трката „прв до врв“, а годинава владееше навистина голем интерес за манисфестацијата.

Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин.






На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Манифестацијата која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и годинава се состоеше од два дела, односно  натпреварувачки и забавен карактер.

Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје.

Поврзани содржини