Над 16.000 несовесни возачи беа казнети за еден месец
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кавадарци да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кавадарци, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кавадарци.
– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за околу еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 16.000 санкции – рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кавадарци да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
– Само за еден час во денешната акциска контрола во Кавадарци се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. – соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кавадарци ќе бидат презентирани утре.