НАБРАНИ БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА НА ВОДНО Продолжува традицијата на скопските бадникари

Општина Центар секогаш ќе биде покровител на настани што ја негуваат традицијата и духовните вредности, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

434

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им се приклучи на скопските бадникари на јужните падини на Водно, продолжувајќи ја традицијата на собирање дабови гранчиња во пресрет на Бадник.

Првите гранчиња симболично ги пресекоа бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности.






– Секоја година се собираме овде на Водно за да ги зачуваме и одбележиме македонските вековни обичаи. Општина Центар секогаш ќе биде покровител на настани што ја негуваат традицијата и духовните вредности – порача Герасимовски.

На настанот, во организација на здружението „Одбор за традиционална прослава на Бадник“, граѓаните се почестија со посна трпеза и во добро расположение испратија пораки за здравје, среќа и благосостојба за празниците.

Собраните бадникови гранчиња, како симбол на сила, здравје и среќа, на 6 јануари ќе бидат поделени на верниците на централната прослава во Соборниот храм.

 

Поврзани содржини