НА ЖАН МИТРЕВ МУ СУДИ ПРЕК СУД? Одбраната има 10 дена да проучи материјал од 10.000 страници

Веќе се сторени крупни повреди на правото на одбрана на обвинетиот кардиохирург, предупредува неговата одбрана.

348

На одбраната во судскиот процес против Жан Митрев и се оставени само 10 работни дена да прочита материјал над 10.000 страници и да се подготви за судење.

Бранителите на Жан Митрев се жалат дека досегашното постапување подле поднесувањето на обвинението против кардиохирургот Жан Митрев остава впечаток дека Обвинителството и Судот се на една страна, а на другата страна е одбраната.






Во постапката по жалба против Решението за блокада на сметките на Клиничката болница „Жан Митрев“, по поднесувањето на жалбата и доставување на предметот на одлучување до Апелациониот суд Скопје, Обвинителството доставило дополнителен писмен доказ којшто не е доставен до обраната, а Решението на Апелациониот суд за одбивањето на жалбата се повикува токму на тој доказ.

На одбраната дури не ѝ е доставено ни Мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје, а тоа се повреди кои што судовите не може да не ги знаат, бидејќи се опфатени со пресуди на Врховниот суд на РСМ и на Европскиот суд за човекови права.

Во допис до медиумите, одбраната прашува дали сево ова значи дека замислата е Жан Митрев да биде осуден по кратка постапка, па поради тоа не се почитуваат основните права на одбраната.

Поврзани содржини