НА ВРАЌАЊЕ ОД БАЗАТА НА КОСОВСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ Возило од придружбата на Курти имало сообраќајка, нема повредени

Косовскиот премиер не бил во возилото што учествувало во сообраќајката, јавуваат локалните медиуми.

3,496

Автомобил од придружбата на косовскиот премиер Албин Курти доживеал несреќа на пат кон Гњилане, но никој не е повреден.

Курти објаснил дека несреќата се случила додека се враќале од базата Белведере, која се наоѓа во јужниот дел на Косовска Митровица. Оваа база ја користат специјалните единици на косовската полиција.






Курти не бил во возилото што учествувало во несреќата, јавуваат локалните медиуми.

Поврзани содржини