НАЈВИСОК РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД Во септември изнесувала 5,4 отсто

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека ФЕД и другите водечки централни банки треба да подготват планови во случај инфлацијата да се покаже како поупорна од проценетата.

732

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи поскапувањето на храната и енергијата го неутрализираа падот на цените на половните автомобили, објави американското Министерство за труд.

Инфлацијата се зголеми за 0,4 отсто на месечно ниво во септември, достигнувајќи 5,4 отсто на годишно ниво, што е највисоко ниво од јануари 1991 година.






Аналитичарите на Доу Џонс прогнозираа месечен раст на инфлацијата од 0,3 проценти и меѓугодишен од 5,3 отсто. 

Основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, се зголеми во септември за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, додека во однос на септември 2020 година, се зголеми за 4,0 отсто.

Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 отсто минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Цената на мазутот се зголеми за 3,9 отсто и е повисока за 42,6 отсто во споредба со претходната година.

Значителен раст минатиот месец е забележан и во цените на храната, при што намирниците за подготовка на оброци дома се зголемија за 1,2 отсто.

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека ФЕД и другите водечки централни банки треба да подготват планови во случај инфлацијата да се покаже како поупорна од проценетата.

Поврзани содржини