НАЈВАЖНИОТ МЕЧ НА КРИС ЕВЕРТ Се бори со рак на јајниците, ама ќе известува од Австралија опен

Нејзината помлада сестра Џејн Еверт Дабин, исто така тенисерка, починала на 62-годишна возраст во февруари 2020 година од рак на јајниците.

709

Поранешната американска тенисерка, Крис Еверт, завчера објави дека ѝ е дијагностициран рак на јајниците во рана фаза.

„Сакам да објавам дека ми е дијагностициран рак на јајниците во прв стадиум. Многу сум среќна што е откриен навреме и чекам позитивни резултати од хемотерапијата. Ви благодарам што ја почитувате мојата потреба да се фокусирам на моето здравје и на лекувањето. Ќе ме видите како се појавувам од дома повремено додека известувам за ESPN од Австралија Опен“, напишала 67-годишната Еверт на својот профил на Твитер.






Ракот ѝ бил откриен по превентивната хистеректомија на почетокот на декември, а на почетокот на оваа недела таа го започнала првиот од шесте циклуси хемотерапија. Нејзината помлада сестра Џејн Еверт Дабин, исто така тенисерка, починала на 62-годишна возраст во февруари 2020 година од рак на јајниците.

Еверт во кариерата освоила 18 Грен слем титули, а вкупно 157 титули, а во 1995 година била примена во Куќата на славните на тенисот.

Поврзани содржини