НАЈУСПЕШНА ГОДИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ 2022 година ќе ја започнеме од 67 позиција на листата на ФИФА
Нашиот противник во баражот за пласман на Мундијалот, Италија годинава ја заврши на шестата позиција, додека можните противници во финалето, Португалија и Турција се осма односно 37. светска сила.
Фудбалската репрезентација на Македонија 2021 година ќе ја заврши на 67. позиција на ранг листата на ФИФА.
Годината во која за првпат се пласиравме на едно големо натпреварување (ЕВРО 2020), а успеавме да избориме и бараж за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар е досега најуспешната во историјата на македонскиот фудбал.
Нашиот противник во баражот за пласман на Мундијалот, Италија годинава ја заврши на шестата позиција, додека можните противници во финалето, Португалија и Турција се осма односно 37. светска сила.
На врвот останува Белгија, а во топ 5 се уште и Бразил, Франција, Англија и Аргентина.