На улица ќе излезат и жените на породилно
Според најавата, околу 1.500 жени кои се на платено породилно отсуство со своите бебиња ќе излезат на улица, бидејќи сметаат дека нивниот проблем ќе биде повидлив ако протестираат.
Вработените жени на породилно отсуство најавуваат протест со барање да се продолжи породилното отсуство. Тие се плашат дека ќе треба да ги напиштат работните места бидејќи градинките не се во можност да ги примат нивните деца поради протоколите.
Според најавата, околу 1.500 жени кои се на платено породилно отсуство со своите бебиња ќе излезат на улица, бидејќи сметаат дека нивниот проблем ќе биде повидлив ако протестираат.
Тие велат дека од Министерство за труд и социјала им одговориле дека ја следат состојбата со градинките но не можат ништо да направат бидејќи Комисијата за заразни болести не дозволувала зголемување на бројот.