НА УЛИЦА ДРУГАРИ, А ВО РИНГОТ ПРОТИВНИЦИ Перо Камиказа и Бени Шаќири случајно се сретнаа на плоштад (ФОТО)
„Ние снимаме спот со моторите, кога оп, и другиот кандидат за градоначалник. Се кадросавме и си рековме: На улица како и секогаш другари, а во рингот - противници. Нека победи подобриот“, напиша Георгиевски на Фејсбук.
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Петар Георгиевски-Камиказа, на својот Фејсбук профил објави дека денеска, додека снимал спот на плоштадот во Скопје, случајно се сретнал со својот противкандидат од ДОМ и од ЛДП, Бени Шаќири.
„Ние снимаме спот со моторите, кога оп, и другиот кандидат за градоначалник. Се кадросавме и си рековме: На улица како и секогаш другари, а во рингот – противници. Нека победи подобриот“, напиша Георгиевски на Фејсбук.
Инаку, и двајцата кандидати за градоначалници се професионални музичари. Петар Георгиевски-Камиказа е басист на музичката група „Меморија“, додека, пак, Бени Шаќири е фронтмен на групата „Нон стоп“.