НА УКРАИНА Ѝ СНЕМУВА ОРУЖЈЕ Белата куќа бара поддршка за Киев

Украина се повлекуваат од Донбас, а Русија продолжува да напредува кон запад, изјави координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби.

305

Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа.

– Им снема муниција во Донбас, а сега се повлекуваат кон втората и третата линија на одбраната. Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и им треба сега – изјави Кирби за Еј-Би-Си Њуз.






Покрај тоа, тој истакна дека САД се загрижени за намалувањето на сопствените резерви на оружје поради испораката на воена помош за Украина.

Поврзани содржини