„НА УДАР СЕ ВЕНЕЦИЈА, ЊУЈОРК И ЛОНДОН“ Сценариото за поплави се приближува побрзо одошто мислеа научниците
Авторите на студијата се надеваа дека ќе бидат потребни стотици години за глечерот Твајтс да го изгуби мразот, но сега стравуваат дека тоа би можело да биде прашање на децении. Нивото на морето може да се подигне и до 65 сантиметри во крајбрежните градови низ светот. Од 1880 година нивото се подигнало за 22 сантиметри.
Лондон, Њујорк и Венеција се само дел од крајбрежните градови кои може да ги снајде покачување на морското ниво поради глобалното затоплување. Информацијата за „суден“ ден повторно дојде во медиумите откако се обзнани дека топла морска вода влегува под глечерот Твајтс на Јужниот Пол, пишува Дејли Телеграф.
– Загрижувачки е тоа што ја потценуваме брзината со која се менува глечерот, што ќе има катастрофални последици за крајбрежните заедници ширум светот. Твајт е најнестабилното место на Антарктикот – рече за британски Телеграф д-р Кристин Дау, професорка во училиштето за животна средина на Универзитетот во Ватерло и коавтор на студијата.
Како што температурите ширум светот се зголемуваат поради климатските промени, глечерите, планинските ледени плочи и поларните ледени капи се топат. Глобалното ниво на морето се зголеми за околу 22 сантиметри од 1880 година година. Секој остар пораст може да биде катастрофален за крајбрежните градови како Лондон, Њујорк и Шангај.
Глечерот Твајтс е со големина како полуостровот Флорида во САД и содржи доволно вода за да го подигне океанот за 65 сантиметри. Широк е 120 километри и длабок 1,2 километри и се топи со децении, а тим од меѓународни научници сега откри докази дека глечерот уште посилно се топи.
Ледената маса веќе сочинува 4 отсто од порастот на нивото на морето на планетата и губи 50 милијарди тони мраз годишно поради климатските промени.
Between 2002 and 2023, Antarctica shed an average of 150 billion metric tons of ice per year The Thwaites Glacier is ‘hanging on by its fingernails’: https://t.co/MMZ4pa87z3
There is no time to wait. #ActOnClimate#climate #energy #renewables pic.twitter.com/kLUwPLoPja
— Mike Hudema (@MikeHudema) May 12, 2024
– Постојат карактеристики во глечерот што укажуваат на тоа дека морската вода влегува и го пополнува езерцето под мразот на тоа место, се полни и празне – објасни д-р Роб Лартер од „Британското Антарктичко истражување“, кој детално го проучувал глечерот Твајтс.
Авторите на студијата се надеваа дека ќе бидат потребни стотици години за Твајтс да го изгуби мразот, но сега стравуваат дека тоа би можело да биде прашање на децении. Д-р Лартер рече дека студијата претставува „алка што недостасува“ во објаснувањето што се случува „под многу стотици метри мраз“. Тимот користел сателитски снимки со висока резолуција и хидролошки податоци за прецизно да ги лоцира џебовите со висок притисок каде што се издигнала површината на глечерот.
Научниците веруваат дека земјите со ризик од топење на глечерите треба да инвестираат во заштита од пораст на нивото на морето, како што направи Лондон со бариерата Темза. Долгорочно, велат тие, најдобриот начин напред е да се ограничат емисиите на јаглерод. Но, можеби веќе е доцна за глечерот „судниот ден“.
– Веројатно е предоцна да се запре повлекувањето на целиот арктички мраз. Веројатно стигнавме до точката од која нема враќање – рече д-р Лартер.