На љубителите на „Lamborghini“ нема да им се допадне како Ким го „облече“ својот „Urus“ (ФОТО+ВИДЕО)
Тврдокорните обожаватели на „Lamborghini“ тешко дека би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег се крие добро осмислениот маркетинг.
Постои поговорка меѓу сопствениците на четири тркала – „ваш автомобил, ваши правила“, што во превод треба да значи дека можете да направите што сакате од вашето возило.
Второто правило е дека за вкусовите не треба да се дискутира. Сепак, тешко е да се остане рамнодушен и да не се коментира за „Lamborghini Urus“, кој и припаѓа на ријалити sвездата Ким Карадашијан.
Ким го прекри својот скапоцен автомобил со ткаенина што дава изглед на крзно.
Тврдокорните обожаватели на „Lamborghini“ тешко дека би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег се крие добро осмислениот маркетинг.
Имено, Ким ја „облече“ својот „Urus“ во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Skims“.
Ако ги погледнете сите фотографии од оваа серија на нејзиниот Инстаграм профил, ќе видите дека концептот постојано се применува во внатрешноста на возилото, каде сè е исто така покриено со бело крзно.
Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во она што го посакуваше – да го сврти вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.
View this post on Instagram