📷 НАЈУБАВАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ НЕПРЕПОЗНАТЛИВА! Дури и извајаното тело на актерката падна во втор план

Сексапилната Меган носеше мрежест металик фустан и сандали со потпетици со вртоглаво висока платформа, а модната комбинација ја искомбинира со бунда.

604

Холивудската актерка Меган Фокс ја изненади јавноста кога се појави на забавата по доделувањето на Греми наградите. Сексапилната Меган носеше мрежест металик фустан и сандали со потпетици со вртоглаво висока платформа, а модната комбинација ја искомбинира со бунда. Сепак, ниту овој предизвикувачки фустан не можеше да ги тргне погледите од нејзиното лице. Сите се прашуваат што се случи со Меган Фокс.

Актерката се појави со розова коса и необичен накит на усните. Нови фотографии ги преплавија социјалните мрежи, а корисниците не кријат колку се изненадени од нејзиниот изглед.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


Меган, која со поранешниот сопруг Брајан Остин има три сина, а сега е свршена со музичарот Машин Ган Кели, не е првпат да предизвикува вакви коментари.

Начинот на облекување и љубовните заклетви на популарниот пар често се тема на јавноста. Да потсетиме, најголемиот скандал настана кога се маскираа во свештеник и грешник. Обожавателите ширум светот тврдат дека Меган се уништила себеси поради врската со Машин, но актерката истакнала дека Кели е човекот кој го замислувала од својата четиригодишна возраст.

Поврзани содржини