„НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА“ ПОВТОРНО ПОБЕГНА Овој пат во прегратките на бившиот на Наоми Кемпбел (ФОТО)

Само неколку дена по враќањето од Јужна Африка, каде помина 10 месеци, принцезата Шарлин морала повторно да се раздели од сопругот.

2,746

Принцезата Шарлин од Монако во моментот се лекува во здравствена установа надвор од Монако. Нејзиниот сопруг, принцот Алберт неодамна ја информираше пошироката јавност, бидејќи сите беа загрижени за нејзиното ненадејно исчезнување.

Само неколку дена по враќањето од Јужна Африка, каде помина 10 месеци, принцезата Шарлин морала повторно да се раздели од сопругот и нивните шестгодишни близнаци.






Како што вели, таа била физички и психички исцрпена, па ѝ била потребна стручна помош.

Според пишувањето на странските медиуми, во текот на лекувањето ја поддршка ѝ пружил рускиот милијардер Владимир Доронин, познат и како поранешен свршеник на супермоделот Наоми Кемпбел.

„Шарлин и Владимир се во контакт и поминуваат многу време заедно“, изјавил извор за магазинот „Сан“.

„Изгледа дека нашла поддршка во него во времето на нејзините брачни проблеми“, додал изворот.

За проблемите во бракот со принцот Алберт постојано се шушкаше во текот на нејзиниот престој во Јужноафриканската Република и многумина се сомневаа дека побегнатата принцеза нема да се врати.

Шпекулациите за потенцијалното раскинување на бракот меѓу принцот Алберт и принцезата Шарлин се проширија меѓу масите, што предизвика принцот да даде јавна објава за актуелниот проблем.

„Веројатно ќе го кажам ова уште неколкупати, но сѐ е во ред со нашиот брак. Сакам тоа да го појаснам“, изјавил Алберт за магазинот „Пипл“ минатата недела, додавајќи и дека нејзината моментална состојба е резултат на неколку фактори.

– Не беше подготвена да се справува со сите обврски и беше видно исцрпена – потенцирал Алберт тогаш.

Имено, Шарлин на почетокот на септември итно била примена во јужноафриканска болница откако се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекцијата.

Меѓутоа, нејзиниот брак со Алберт ја заинтригира јавноста уште пред наводното бегство за Африка, а познато е дека таа се омажи за него во солзи, откако дознала за неговото вонбрачно дете.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини