НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА 45 МИНУТИ, НА БОГОРОДИЦА 30 Зголемена фреквенција на возила на граничните премини

Поради летните одмори, забележан е засилен сообраќај на патиштата и на двата најфреквентни гранични премини Табановце и Богородица, каде се чека по 30 до 45 минути за влез и излез од државата.

207

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а граничните премини се под засилен притисок од патници кои патуваат на одмор.

Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), на Граничниот премин Табановце во моментот има чекање до 45 минути за влез во државата, додека на ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез е околу 30 минути.






На сите други гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања, а протокот на возила се одвива вообичаено.

Во меѓувреме, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но АМСМ апелира на внимателно управување со возилата, особено на делниците каде што има зголемена опасност од одрони: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини