НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА 1 ЧАС ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА За излез на Богородица се губат 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на граничниот премин Богородица за влез и за излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, иформира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од АМСМ препорачуваат да се прилагодува брзина на движење, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.