На Табановце без ПЦР тест и без карантин минаа над 3.000 патници

И на српска страна се пуштаат македонски патници без ПЦР тест и без карантин.

233

На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3.217 патници, сооштија денеска од МВР.

Од нив во земјава се влезени 1.984 лица од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.






Владата на 72-та седница донесе одлука од денеска целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

И на српска страна се пуштаат македонски патници без ПЦР тест и без карантин.

Поврзани содржини