НА ТАЈНИ СЕДНИЦИ ПРИФАЌАА ИЗМИСЛЕНИ БУГАРСКИ КРИТЕРИУМИ, СЕГА БАРААТ ЗАТВОРЕНИ СЕДНИЦИ ЗА ЕУ Џабе глумат креативци во СДСМ, граѓаните ги препознаа

Пратеникот и член на ИК, Миле Лефков вели дека СДСМ не ја прифати целосно пораката која ја доби од граѓаните, а во спротивно не би излегле со вакви полисериознни препораки, чија цел е да се оттргне вниманието од нивната хаотичност и неспособност.

1,997

Пратеникот и член на ИК, Миле Лефков го оцени како полусериозен предлогот на СДСМ на затворена собраниска седница да се разговара за тоа кој е планот на Владата во врска со евроинтеграциите на Македонија.

Тој рече дека политичарите кои преку тајни состаноци нè донесоа во сегашната состојба сега се обидуваат да се претстават како креативни.






„Оние кои успеаја да ги заменат Копенхашките критериуми со тајни измислени критериуми на тајни седници. Истите тие кои сите протоколи при договарањето на т.н француски предлози ги криеја и ги договараа во четири очи, со специјални претставници за Бугарија и кои објавуваа протоколи што не беа објавувани на македонски јазик, сега дополнително се јавуваат како некакви креативци, да имаме затворени седници“, рече Лефков во гостување на ТВ Алфа.

Тој истакна дека СДСМ како политичка партија не ја прифати целосно пораката која ја доби од граѓаните, а во спротивно не би излегле со вакви препораки.

„Вакви полусериозни предлози се само со една цел, да се оттргне вниманието од нивната хаотичност и неспособност”, рече Лефков.

За случувањата во опозицијата, односно во Европскиот фронт, Лефков истакна дека тие се во шок поради ДПА и Мендух Тачи.

„Тие се наоѓаат во ситуација каде после долг временски период се наоѓаат во опозиција, па сега се во шок од тие што до вчера ги промовираа. Конечно граѓаните видоа дека имаме Влада која нема повеќе секојдневни скандали, односно Влада на ВМРО-ДПМНЕ која има 100 дена проекти, додека владата на СДС и ДУИ имаше 100 дена скандали”, рече Лефков.

Поврзани содржини