НАЈСУРОВИ МЕЃУ НАЈСУРОВИТЕ Историски личности кои „пливале“ во крв, меѓу нив има и жени!

Офицер и лекар во Аушвиц и во други концентрациони логори, познат под името Анѓелот на смртта, за време на холокаустот во смрт испратил 400.000 луѓе.

849

Историјата на човештвото била отсекогаш обоена во крв. Во борбата за лични интереси и моќ на поединци, многу луѓе ги изгубиле своите животи, а кога станува збор за главните виновници за тие злочини, тешко е да се одреди кој е најлош од најлошите.

Овие се само дел од најомразените личности на сите времиња:






Гај Јулиј Цезар Германик

Уште од дете тој присуствувал на многу егзекуции и видел многу понижувања што ги доживувале луѓето во неговата непосредна близина. Во неговите тинејџерски години неговата нестабилна личност излегла на виделина, но сепак сите имале надеж дека кога ќе ги преземе одговорностите на царот, тој ќе се промени. И се излажале.

Само во неговите три месеци од владеењето, биле жртвувани 160.000 луѓе во негова чест, а сите оние кои ќе го нарекле по неговиот прекар – Калигула, биле убиени на лице место.

Многу од историчарите го опишуваат како луд император, кој убивал од забава.

Влад Цепеш III

Познат и по името Влад Дракула, војвода познат по својата суровост. Поради романот „Дракула“ од ирскиот книжевник Брема Стокер, често бил поврзуван со вампири, а историчарите велат дека литературниот и вистинскиот Дракула, имаат нешто заедничко – двајцата се крвожедни!

Омилениот метод за измачување на непријателот на Влад му бил набивање на колци. Постои и приказна дека на денот на Божиќ, тој наредил да се уапсат сите болјари од Брашов, а потоа да се набијат на колци, по неколку илјади наеднаш.

Бил познат и по тоа дека е борец кој никогаш не простува и нема милост за борбените затвореници.

Катарина Медиќи

Во време на владеењето на кралицата Катарина, во Париз и ширум Франција се случил масакр на протестанти, а ова случување е познато во историјата како „Ноќта на Вартоломеј“. Во овој масакр биле убиени 25.000 луѓе, а според некои проценки дури 50.000.

Ержебет Батори

Унгарската грофица е еден од најпознатите сериски убијци во историјата на човештвото. Се проценува дека заедно со неколку други соучесници, таа измачувала, а потоа и убила меѓу 300 до 2.000 девојки. Нејзините злосторства биле откриени во 1610 година, за што била заѕидана во нејзиниот замок, во кој била најдена мртва 4 години подоцна.

Леополд II

По неколку неуспешни обиди за преземање на Белгија, тој го посветил своето внимание на Конго, каде заробил цел еден народ и створил цела држава во една плантажа со растенија кои даваат сок, а од истите изработувал гуми. Секое село имало количинска квота која треба да ја пополни, а доколку не успееле во тоа, им биле отсекувани рацете на луѓето.

Никогаш не се запишани како жртви и затоа не се знае точната бројка на убиени, но според последните истражувања, таа не е помала од 10 милиони.

Адолф Хитлер

Германскиот политичар, диктатор и водач на Нацистичката партија, во периодот од 1942 и 1945 има убиено 3,5 милиони Евреи во концентрациони логори, а исто така и огромен број Евреи ги загубиле своите животи од глад работејќи во работничките кампови. Се проценува дека во време на Втората светска војна се убиени или изгладнети до смрт, од 5 до 6 милиони Евреи.

Освен Евреите, дел од убиените биле и Словените, комунистите, хомосексуалците, Ромите, хендикепираните личности, ментално заостанатите личности, Јехови сведоци, анти-нацисти, полски интелектуалци и така натаму.

Хајнрих Химлер

Еден од најмоќните луѓе во нацистичка Германија. Болно уреден и педантен, како строг бирократ, во 1929 година тој ја презел командата на Шуцштафел, личната стража на Хитлер и создал огромна паравоена формација. Предводени од Химлер, тие одиграле клучна улога во создавањето на концентрациони логори, за спроведување на конечното решение, односно геноцид врз Евреите, но и другите „пониски раси“.

Јозеф Менгеле

Офицер и лекар во Аушвиц и во други концентрациони логори, познат под името Анѓелот на смртта, за време на холокаустот во смрт испратил 400.000 луѓе.

Имал целосна дозвола за убивање и осакатување, а правел очајни и честопати смртоносни експерименти врз близнаци, кои најчесто биле деца, бидејќи се обидувал да ја реализира својата замислена цел, односно да создаде ариевска раса.

Јапонскиот цар Хирохито

Тој ја нападна Кина во два наврати, во 1931 година и шест години подоцна. Настаните од 1937 година се познати како Силувањето на Нанкинг, бидејќи јапонските војници со денови убивале и силувале. Бројката на убиени во тој напад се движи меѓу 250.000 и 300.000 луѓе.

Поврзани содржини