Најстудено утрово е во Берово, а најмногу снег има на Попова Шапка

Највисока снежна покривка од 31 сантиметар е измерена на Попова Шапка, 24 сантиметри во Лазарополе, 17 во Маврови Анови, 8 во Крива Паланка, 7 во Ѓуриште, 5 см во Пожаране и 2 см во Крушево.

459

Во 7 часот утрово најниска температура од -12 степени е измерена во Берово, а утринските температури се под нула во целата држава: -9 во Крива Паланка, -7 во Маврово, -5 во Скопје – Петровец, -4 степени во Претор, Демир Капија, Штип, Виница, Струмица, Гевгелија, Крушево и Куманово, -3 во Тетово, Прилеп и Скопје – Зајчев Рид, -2 во Битола и -1 степен во Охрид и Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, највисока снежна покривка од 31 сантиметар во 7 часот е измерена на Попова Шапка, 24 сантиметри во Лазарополе, 17 во Маврови Анови, 8 во Крива Паланка, 7 во Ѓуриште, 5 см во Пожаране и 2 см во Крушево.






АМСМ утрово соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Поврзани содржини