Хулио Цезар Мора и неговата сопруга Валдрамина Макловија Квинтерос од Еквадор се во брак 79 години и важат за најстарата брачна двојка на светот кои заедно имаат 215 години.
Затоа влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Си-eн-eн пишува дека Хулио има 110, а неговата сопруга 105 години.
Тие се наставници во пензија, а се запознале на училишен одмор, бидејќи сестрата на Валдрамина била мажена за братучедот на Хулио, а седум години подоцна, на 7 февруари 1941 година, се венчале.
– Семејното единство се одржува со љубов, заемно почитување, чесна работа и семејни вредности – рекле двајцата.
Тие имале пет деца, од кои сите завршиле факултет, а потоа семејството се проширило за уште 11 внуци, 21 правнуци и девет праправнуци.
ФОТО: Јутјуб