НАЈСКАПИОТ ЛЕК НА СВЕТОТ ЌЕ СПАСУВА ДЕТСКИ ЖИВОТИ И ВО СРБИЈА „Золгенсма“ чини 2,5 милиони евра
Спиналната мускулна атрофија (СМА) е ретка наследна, но прогресивна и фатална невромускулна болест. Болеста се манифестира со постепена, но прогресивна мускулна атрофија и губење на основните животни функции, како што се одење, варење храна, голтање и дишење.
„Золгенсма“, најскапиот лек во светот кој чини 2,5 милиони евра од вчера почнува да се администрира во Србија, а Лав Теодоровиќ е првото дете со спинална мускулна атрофија што ја прима оваа терапија на Детската клиника во Тиршова.
Се очекува годишно да има пет до шест кандидати за овој лек, изјави за РТС директорката на РФЗО, Сања Радојевиќ Шкодриќ.
Таа вели дека секое дете кое ги исполнува критериумите и боледува од спинална мускулна атрофија ќе може да го добие најскапиот лек на светот во Србија.
Спиналната мускулна атрофија (СМА) е ретка наследна, но прогресивна и фатална невромускулна болест. Болеста се манифестира со постепена, но прогресивна мускулна атрофија и губење на основните животни функции, како што се одење, варење храна, голтање и дишење. SMA не влијае на мозокот и когнитивните функции. Освен тоа, истражувањата утврдиле дека заболените често имаат натпросечна интелигенција и се многу дружељубиви. СМА е број еден генетски убиец на деца под две години.